Connect with us

Откако го купи Мбапе, Каен испадна во третата лига на Франција

Каен загуби од Мартиг со 0-3 во натпревар од 31. коло на Втората лига на Франција. По овој пораз, тимот ги загуби шансите да остане во Лига 2.

Каен испадна во третата по ранг дивизија на земјата за првпат од 1983 година. Во моментов, тимот се наоѓа на последното место на табелата, со заостанување од 10 поени зад 16. позиција, три кола пред крајот на сезоната.

Минатото лето, напаѓачот на Реал Мадрид и француската репрезентација, Килијан Мбапе, го купи контролниот пакет акции во Каен, плаќајќи околу 20 милиони евра. За жал, на клубот не му тргна добро под негово водство, па ќе мора да вложи многу повеќе доколку сака да се врати во погорен ранг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови