Ал-Кадсија приреди големо изненадување совладувајќи го Ал-Наср со 2-1 во меч од лигашкото натпреварување во Саудиска Арабија, со што сериозно ги намали шансите на тимот предводен од Кристијано Роналдо за освојување на шампионската титула.
Иако Садио Мане израмни на 1-1 во 84. минута и внесе надеж кај гостите, само три минути подоцна Пјер-Емерик Обамејанг донесе победа на Ал-Кадсија со прецизен удар за 2-1. Капитенот на домашниот тим, Шпанецот Начo, поранешен соиграч на Роналдо во Реал Мадрид, успешно го предводеше дефанзивниот блок, кој успеа да го неутрализира Португалецот, кој и овојпат остана без погодок.
⚽️ GOAL: Aubameyang
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 18, 2025
🇸🇦 Al-Qadsiah 2-1 Al-Nassrpic.twitter.com/tqegTXXZfU
Со овој пораз, Ал-Наср останува осум бодови зад лидерот Ал-Итихад на шест кола до крајот на сезоната, што ги става во многу незавидна позиција во трката за титулата.
Загрижувачки е фактот што Ал-Наср ги загуби последните три лигашки средби, сите без да постигне гол неговата најголема ѕвезда и најдобар стрелец во историјата на фудбалот — Кристијано Роналдо. Формата на тимот е во пад, а времето за корекција се намалува.
Пред Ал-Наср е предизвик не само да се врати на победнички пат, туку и да ја врати самодовербата и мотивацијата за крајната битка во сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













