Connect with us

Конте: Наполи оваа сезона игра над очекувањата, а продолжуваме да сонуваме и за „скудетото“

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изрази задоволство од досегашниот настап на својот тим, оценувајќи дека неаполитанците играат над сите очекувања оваа сезона. Наполи се наоѓа на втората позиција на табелата во Серија А, со само три бода заостанување зад лидерот Интер, шест кола пред крајот на првенството.

„Првичната цел ни е да обезбедиме место во Лигата на шампионите. Ако успееме да стигнеме до тоа, ќе бидеме блиску до еден престижен резултат. Никој не можеше да предвиди ваков развој на настаните“, изјави Конте пред натпревар против Монца.

Иако Наполи нема победа на гостински терен од 18 јануари, Конте истакна дека тимот покажува конзистентност и стабилност.


„Статистиката е јасна, но факт е дека сме на три бодови од врвот. Имаме малку порази, а на некои тешки гостувања немавме среќа. Тоа зборува за нашиот карактер и дисциплина“, додаде италијанскиот стратег.

Конте упати и порака до навивачите.


„Продолжете да сонувате. Наше е да се бориме и да ви ја одржиме надежта.“

Тренерот на Наполи не пропушти да му честита на Интер за пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите.


„Не е случајност што Интер секоја година е меѓу најдобрите. Тоа е добро за италијанскиот фудбал. Покажуваат стабилност и квалитет на европско ниво“, потенцираше Конте.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови