
Добри вести за навивачите на Реал Мадрид по елиминацијата од Лигата на шампионите. Килијан Мбапе ќе биде подготвен за финалето на Купот на Кралот против Барселона, кое се игра на 26 април, пренесува „Марка“.
Францускиот ас се здоби со повреда на скочниот зглоб во дуелот со Арсенал во средата, но по деталните лекарски прегледи било потврдено дека не станува збор за сериозна повреда.
Иако ќе ги пропушти натпреварите со Атлетик Билбао, поради суспензија за црвениот картон, и веројатно со Хетафе во среда, како знак на внинателност, во Реал се оптимисти дека ќе биде целосно подготвен за Ел Класико со Барса.
Мбапе сезонава има 33 погодоци, а посебно импресивен е во финалните натпревари – се има запишано во листата на стрелци на сите три финалиња кои досега ги одигра во дресот на Реал (Суперкуп на Европа, Интерконтинентален Куп и Суперкуп на Шпанија). Во последното од нив – токму против Барселона – беше стрелец на првиот гол, иако каталонците победија со 5-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Реал без Камавинга на стартот од сезоната
