Пари Сен Жермен е решен да го задржи на подолг рок еден од своите најталентирани фудбалери, Бредли Баркола. Според информациите од Франција, раководството на ПСЖ подготвува нов договор со важност до 2030 година, со што ќе го задржат 22-годишниот фудбалер и во наредните пет години.
Новата зделка предвидува и значително зголемување на платата на Баркола, што е заслужено со оглед на неговиот фантастичен придонес сезонава. Тој досега има одиграно 48 натпревари, на кои има запишано 18 голови и 16 асистенции.
Актуелниот договор на Баркола истекува во летото 2028, но со овој нов предлог, ПСЖ јасно става до знаење дека планира да го гради проектот околу него. Неговата пазарна вредност моментално изнесува 70 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













