
Фахад бин Нафел, првиот човек на Ал-Хилал, отпатувал во Милано за да преговара со ангажман на тренерот и најдобриот играч на Интер. Тој сака да ги доведе во Саудиска Арабија, Симоне Инзаги и Николо Барела.
„Газета“ пренесува дека Бин Нафел бил во Милано претходно овој месец, како и дека Барела го одбил понудениот договор, но интересот сè уште постои и е многу голем.
Покрај него, сакаат да го доведат и Симоне Инзаги, на кого му нудат астрономска плата за да го наследи Жорге Жезус.
Симоне Инзаги заработува околу 7 милиони евра без бонуси во Интер, што го прави најплатен тренер во Серија А. Сепак, Саудијците му нудат 20 милиони евра по сезона…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Реал без Камавинга на стартот од сезоната
