
Во вистинска европска драма на „Олимпико“, Бодо/Глимт го шокираше Лацио и избори место меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на Европа. Норвешкиот тим успеа да преживее бурни 120 минути и да триумфира после пеналите со 2-3, елиминирајќи го фаворизираниот италијански тим.
Лацио, кој имаше негатива од првиот меч, успеа да израмни со головите на Кастељанос и Нослин, кој во 93. минута со гол за 2-0 донесе продолженија. Во дополнителното време, Диа зголеми на 3-0 во 100-тата минута и кога се чинеше дека римјаните одат кон сигурна победа, Хелмерсен во 109. минута ја врати надежта за гостите.
Пенал-рулетот потоа реши сè – голманот на Бодо/Глимт беше херој со клучни одбрани, додека играчите на Лацио попуштија под притисокот. Гостите славеа со 2-3 и го комплетираа еден од највозбудливите пресврти во натпреварувањето.
Во полуфиналето, Бодо/Глимт ќе се соочи со англискиот Тотенхем, со надеж дека ќе ја продолжи сензационалната европска приказна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Реал без Камавинга на стартот од сезоната
