Connect with us

КЛ: Челси загуби во Лондон од Легија, но ќе игра полуфинале (ВИДЕО)

Челси неочекувано загуби на свој терен од Легија со 1-2, но сепак обезбеди пласман меѓу најдобрите четири во Конференциската лига, благодарение на добриот резултат од првиот меч. Поразот беше повеќе аларм отколку катастрофа, а на „Стемфорд Бриџ“ звучеше како да се игра во Варшава – полските навивачи беа гласни и бројни.

Гостите рано поведоа – уште во десеттата минута, кога Пекарт беше прецизен од белата точка по прекршок на Јоргенсен. Челси не се поколеба, притисна и преку Кукуреља израмни во 33. минута. До крајот на полувремето Шпанецот постигна уште еден гол, но ВАР го поништи заради офсајд.

На стартот од второто полувреме, Легија уште еднаш ја замолкна домашната публика. Капуади погоди за нова предност во 53. минута. Иако Челси беше поактивен до крајот, не најде пат до мрежата.

Сепак, двомечот заврши во корист на англискиот тим, кој во полуфиналето ќе се судри со подобриот од пресметката Рапид – Ѓурѓарден. За тимот на Енцо Мареска ова е нова можност за европски успех, иако вечерва добија предупредување дека нема простор за опуштање.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови