
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, со мирен и филозофски пристап ја прифати елиминацијата на својот тим од Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Иако „кралскиот клуб“ загуби со 1-2 и во реваншот, а вкупниот резултат значеше крај на европската авантура, Италијанецот не покажа фрустрација, туку призна дека лондонскиот клуб заслужено оди понатаму.
„За да ја промениме динамиката ни требаше нешто – можеби таа пенал ситуација што не ни ја досудија… нешто, било што. Но, мора да бидеме искрени – Арсенал заслужено победи и на двата меча. Фудбалот знае да биде радосен, но и болен. Често нè наградуваше, но сега сме тажни“, изјави Анчелоти.
Прашањето за неговата иднина, кое повторно се актуализираше по испаѓањето, го пречека со смиреност.
„Сега сме фокусирани на Ла Лига, нѐ чека финале од Купот на Кралот, тука е и Светското клупско првенство… Сезонава изгледа како да нема крај. Но, треба да се собереме – ова е дел од фудбалот што не секогаш го прифаќаме лесно. Мојата иднина? Не знам, и искрено – не ни сакам да знам…“
Анчелоти додаде дека сè уште не е време за длабока анализа.
„Ова е разочарување, но ќе анализираме. Не денес. Денес треба да ги подигнеме главите и да признаеме – ова не беше нашата сезона. Нема непобедливи екипи“, рече искусниот стратег.
На крајот, одговори и на шпекулациите дали можеби ова беше неговиот последен натпревар во Лигата на шампионите.
„Не знам. Јас сум рекол и претходно – во денот кога ќе си заминам од Реал, ќе му заблагодарам на клубот. Без оглед дали договорот ќе биде завршен или не. Никогаш, дури ни за момент, не сум мислел дека нема да бидам тренер на Реал Мадрид“, заклучи Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
