
Кристијано Роналдо ќе го продолжи договорот со Ал-Наср, клубот во кој се приклучи на почетокот на 2023 година и кој го отвори патот за доаѓање на неколку светски фудбалски ѕвезди во Саудиска Арабија.
Договорот на португалскиот напаѓач истекува на крајот од оваа сезона, но тој веќе неколку месеци има понуда за продолжување на соработката.
Ако во јануари понудата била за продолжување од една година, според шпанската „Марка“, најновата понуда од арапскиот гигант е за дополнителни две сезони. Тоа значи дека капитенот на португалската репрезентација би можел да игра до 2027 година и до 42-годишна возраст… но само доколку тој тоа го сака.
Според весникот, втората година од договорот ќе стапи на сила само ако Роналдо ја активира клаузулата што му овозможува сам да го продолжи договорот.
Покрај тоа, понудата и понатаму вклучува плата од 200 милиони евра по сезона, како и мал процент сопственост во клубот.
Доколку продолжувањето на договорот се реализира, тоа значително ќе ја зголеми можноста португалскиот ас да ја достигне границата од 1000 голови – цел што ја брка со неверојатно темпо. Во моментов, Роналдо има постигнато 934 голови, од кои 96 се во 105 настапи за Ал-Наср.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
