Connect with us

Упс, ова е ЛШ, ама Астон Вила ја пушти химната на Лига Европа (ВИДЕО)

Непријатна ситуација го одбележа стартот на натпреварот меѓу Астон Вила и ПСЖ, откако на стадионот наместо химната на Лигата на шампионите, по грешка беше пуштена онаа на Лига Европа.

Оваа грешка веднаш привлече внимание на социјалните мрежи, каде што фановите се потсмеваа на клубот од Бирмингем, коментирајќи дека сè уште не се чувствуваат како дел од елитното натпреварување.

Организаторите набргу ја коригираа ситуацијата и ја пуштија вистинската химна, но моментот веќе беше снимен и стана повод за шеги и коментари меѓу љубителите на фудбалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови