Connect with us

Гираси погоди за Борусија Дортмунд, ПСЖ е на прагот на полуфиналето (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд води со 1-0 на полувреме од реваншот против Барселона, но и натаму се наоѓа пред исклучително тежок предизвик – да анулира уште три гола ако сака да направи сензација и да ја исфрли Барса од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Каталонците имаат убедлива предност од 4-0 од првиот натпревар.

Серху Гираси е стрелецот на единствениот гол за Дортмунд досега во овој двомеч, откако погоди од пенал во 11-тата минута.

Во меѓувреме, Пари Сен Жермен направи значителен чекор напред кон полуфинале. Францускиот тим води со 2-0 против Астон Вила на „Вила Парк“, благодарение на погодоците на Ашраф Хакими и Нуно Мендеш. Јури Тилеманс ја врати надежта на Вила со гол во 34. минута, но ПСЖ влезе во овој меч со предност од 3-1 стекната на првиот дуел во Париз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови