Connect with us

Белингам: Деновиве во соблекувалната се слуша само еден збор – „ремонтада“ (пресврт)

Џуд Белингaм, фудбалерот за врска на Реал Мадрид, е полн со верба дека неговиот тим има сили да направи сензационален пресврт против Арсенал и да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. По поразот од 0-3 на „Емирати“ во првиот четвртфинален натпревар, Реал утревечер ќе се обиде да ја надмине оваа негатива на „Сантијаго Бернабеу“.

„Секогаш владее неверојатна атмосфера на Бернабеу, енергијата е заразна. Можеме да ја почувствуваме, таа го извлекува најдоброто од нас. Не треба да бараме од навивачите на Реал Мадрид нешто што веќе не го направиле. Од нас зависи, ние мора да ја почувствуваме таа енергија и да дадеме сѐ од себе за да ги направиме горди“, изјави Белингем.

Тој откри дека зборот кој најмногу се слуша во соблекувалната е „ремонтада“, односно – пресврт.

„Го слушам милион пати во последнава недела. Тоа нѐ мотивира. Оваа вечер е создадена специјално за Реал Мадрид. Не можеме да додадеме ништо посебно на тоа. Бутрагењо ми кажа за оној пресврт против Андерлехт, гледав видеа на TikTok… тоа ме инспирира овие денови. Ги видов и новите и старите моменти – сакаме да додадеме уште еден таков.“

Белингам признава дека тимот мора да прикаже многу подобра игра отколку во првиот меч.
„Мора да има поголема ангажираност, повеќе игра со топката… има многу нешта што треба да ги подобриме. Не дадовме сѐ од себе, знаеме дека можеме многу подобро и тоа сакаме да го покажеме утре. Ако трчаш повеќе, имаш поголеми шанси. Тоа влијае на играта. Мора да знаеме што значи да трчаш од едниот до другиот крај на теренот. Во вакви мечеви сите очекуваат пресврт. Ќе биде многу тешко. Клубот го направил тоа многупати, затоа и очекувањата се толку високи“, истакна англискиот интернационалец.

Реванш натпреварот меѓу Реал Мадрид и Арсенал се игра утревечер (21 часот) на „Сантијаго Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови