
Симоне Инзаги е на чекор до нов договор со Интер, пренесува „Газета дело Спорт“. Според италијанскиот весник, тренерот на „нероаѕурите“ постигнал принципиелен договор со раководството за продолжување на актуелниот договор. Се очекува веста да биде официјално потврдена по претстојниот реванш натпревар против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, закажан за утревечер.
Предложеното продолжување на договорот ќе го врзе Инзаги со клубот до летото 2028 година. Дел од условите вклучуваат и зголемување на платата, со што стручњакот ќе остане најплатениот тренер во Серија А.
Инзаги моментно заработува околу 6.5 милиони евра по сезона, а според информациите, новата плата ќе изнесува околу 7 милиони.
Сегашниот договор на тренерот истекува во 2026 година, но од Интер се решени да го задржат, високо ја ценат неговата работа и резултатите што ги постигна. Инзаги го презеде тимот во летото 2021 година по престојот во Лацио, а оттогаш ги предводеше „нероаѕурите“ до титулата во Серија А во сезоната 2023/24, две титули во Купот на Италија, три последовни трофеи во Суперкупот на Италија, како и до финале во Лигата на шампионите, загубено од Манчестер Сити во 2023 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
