
Челси ја исполни својата мисија и со минимална победа од 1-0 против Копенхаген на „Стемфорд Бриџ“ се пласира во четвртфиналето на Конференциската лига. „Сините“ под водство на Енцо Мареска продолжуваат со перфектен европски учинок, освојувајќи осум победи на осум натпревари. Победничкиот гол го постигна Киран Дјусбери-Хол во 55. минута.
Во четвртфиналето место обезбеди и Бетис, кој со убедливи 4-0 го елиминираше тимот Виторија Гимараеш. Ентони блесна со гол и асистенција, Иско исто така погоди, а два гола постигна Бакамбу. Во следната рунда шпанскиот тим ќе се соочи со полската Јагиелонија, каде настапува единствениот преостанат македонски фудбалер во ова натпреварување – Дарко Чурлинов.
Фиорентина, пак, успеа да ја анулира негативата од првиот меч против Панатинаикос и со триумф од 3-1 на домашен терен обезбеди место во четвртфиналето. Стрелци за „виолетовите“ беа Мандрагора, Гудмундсон и Кин, додека грчкиот тим единствениот погодок го постигна преку Јанидис од пенал.
Возбудувањата во Конференциската лига продолжуваат, а Челзи останува еден од главните фаворити за титулата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal
