
Спортското друштво Црвена Звезда го одбележа својот голем јубилеј – 80 години постоење, а во чест на овој значаен настан, клубот организираше Свечена академија во „Сава Центар“.
Како дел од прославата, наградата за животно дело за 2024 година му припадна на легендата на клубот, Бошко Ѓуровски. По повод ова признание, 63-годишниот тетовчанец, поранешен македонски репрезентативец и селектор, ги сподели своите емоции и благодарност.
„Многу спомени, трофеи… На крајот го исполнив мојот детски сон да добијам ваква ласкава и престижна награда. На некој начин ја платив таа љубов кон Црвена Звезда. Сакам да им се заблагодарам на раководството на клубот што ја препозна таа моја посветеност. Не можам да кажам дека ме изненадија, но навистина сум одушевен. Ви благодарам многу на сите“, изјави Ѓуровски.
Бошко Ѓуровски беше дел од Црвена Звезда цели 11 сезони (1978-1989), носејќи го дресот на клубот со гордост и освојувајќи бројни трофеи. По завршувањето на играчката кариера, тој беше и шеф од стручниот штаб на клубот во една сезона и освои двојна круна, дополнително придонесувајќи за успехот на „црвено-белите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
