
Откако вчера се одиграа првите четири натпревари од плејоф рундaтa во Лигата на шампионите, денес следува првиот чин и во останатите четири пресметки. Два од најуспешните клубови во натпреварувањето, Баерн Минхен и Милан, кои заедно имаат 13 трофеи во ЛШ, исто така ќе мора да го минат ситото на плејофот.
Лидерот во Бундес-лигата, Баерн Минхен, гостува кај Селтик, кој за првпат по 12 години ќе игра во елиминациска фаза од Лигата на шампионите. Баерн загуби трипати на гостувањата во ова натпреварување, а никогаш досега не се случило баварскиот клуб да загуби четири гостувања во една европска сезона. Токму поразите од Астон Вила, Барселона и Феенорд го спречија тимот на Венсан Компани директно да се пласира во осминафиналето, каде што Баерн игра континуирано 16 сезони по ред. Од четири обиди, Селтик сè уште нема победа против Баерн во ЛШ.
Победникот од овој двомеч ќе се соочи во следната фаза со Баер Леверкузен или со Атлетико Мадрид.
Милан, пак, гостува на еден од тимовите кои оваа сезона убедливо го победија Баерн – Феенорд. Холандскиот клуб неодамна го отпушти тренерот Брајан Приске, а за дуелот со „росонерите“ тимот ќе го води Паскал Бошарт. Милан пропушти можност за директен пласман во осминафиналето по поразот од Динамо Загреб во последното коло од групната фаза и нема победа во последните четири дуели со холандски тимови во УЕФА натпреварувањата. Овие два клуба последен пат се сретнаа во 1970 година, кога Феенорд ја освои титулата.
Победникот од дуелот Феенорд – Милан ќе игра во осминафиналето против Интер или Арсенал.
Во единствениот натпревар кој се игра порано, од 18.45 часот, Аталанта гостува кај Клуб Бриж. Белгискиот тим заврши на 24. место во главната рунда, што му овозможи учество во елиминациите. Аталанта загуби само еднаш во групната фаза, од Атлетико Мадрид, и до последно се бореше за директен пласман во осминафиналето, но ремито со Барселона ги остави на деветтото место во конечниот пласман.
Победникот од овој дуел ќе се сретне со Астон Вила или Лил.
Последниот денешен натпревар е меѓу Монако и Бенфика. Овие два тима веќе играа во Кнежеството во групната фаза, кога Бенфика направи неверојатен пресврт и победи со 2-3, иако до 84. минута губеше. Монако беше меѓу фаворитите за Топ 8, но заврши на 17. место, додека Бенфика беше место погоре благодарение на подобрата гол-разлика.
Победникот од овој двомеч ќе има исклучително тежок ривал во осминафиналето – Барселона или Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
