
Ристо Јанков, еден од најдобрите македонски голмани, е ново засилување за Шкендија. Тимот го промовираше Јанков како играч кој ќе го замени Давор Талески, кој направи трансфер во Вардар.
Со ова засилување, Шкендија очекува стабилност на голманската позиција во наредниот период.
Јанков во пролетниот дел од сезоната беше на голот на Тиквеш, а претходно играше за Брегалница. Тој е производ на академијата на Работнички и беше стандарден голман во младинските селекции на Македонија.
Дополнително, Јанков има интернационално искуство, играјќи во Казахстан и во Романија.
Играчот за врска Валон Ахмеди си замина од Шкендија.
„Шкендија му се заблагодарува на Валон Ахмеди за посветеноста додека ги претставуваше црвено-црните бои“, порачаа од таборот на Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
