
Карло Анчелоти испиша историја, стигна до уште еден трофеј во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, откако неговиот тим славеше со 2-0 против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите. Ова беше 15. трофеј на „турнирот на богатите“ за „кралевите“.
„Беше тешко особено во првото полувреме, во второто се подигнавме и на крајот бевме уште подобри. Го подигнавме интензитетот и тогаш го свртевме текот на мечот. Нивото ни падна малку во првото полувреме, но во вториот дел навистина функционираше. Последните минути беа дефинитивно многу подобри. Ова се случи поради историјата и традицијата на клубот, но и поради квалитетите на играчите. Овој тим е како семејство. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи. Нивната хемија е одлична и ниту еден од нив нема его. Беше навистина лесно да се управува со нив оваа сезона“, изјави Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
