
Џуд Белингaм во својата прва сезона во Реал Мадрид освои речиси сѐ. Тој ја коментираше победата на неговиот клуб против Борусија Дортмунд со 2-0 во финалето на Лигата на шампионите.
„Отсекогаш сонував да играм на вакви натпревари. Ваквите натпревари потсетуваат дека сѐ е можно. Навистина, ова што го постигнавме е нешто големо. Навистина не можам да го опишам со зборови. Го загубивме само Копа дел Реј, но не можев да сонувам за подобра сезона. Апсолутно сите беа совршени. Знаете кога се расплакав, кога ги видов мајка ми и татко ми колку се среќни“, изјави Белингам.
Фудбалерот на „кралевите“ сепак потенцираше дека победата не дојде на лесен начин.
„Морам да бидам искрен – тие беа подобриот тим во првото полувреме. Можеа да водат со два или три гола разлика. Но, само Реал има ваков карактер, да излезе после таков прв дел и да победи“, додаде Белингам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
