Над 50.000 жители на Бергамо се собраа во петокот вечерта за да го прослават историскиот триумф на Аталанта во Лигата на Европа.
Како што е познато, „нероаѕурите“ на 22 мај победија во финалето во Даблин со убедливи 3-0 над германскиот шампион Баер Леверкузен и со тоа го освоија првиот европски трофеј во клупската историја. Затоа синоќа низ улиците на Бергамо имаше шампионско дефиле каде имаше вистинска прослава со многу факели и скандирања.
😍🇮🇹 Here is how Atalanta fans celebrated their Europa League trophy parade… 🎇
— EuroFoot (@eurofootcom) June 1, 2024
According to TuttoMercato, 50.000 fans was there. pic.twitter.com/rfgi9jwfQ9
Врвот беше на плоштадот Фрицони, каде фудбалерите се забавуваа со десетици илјади поддржувачи.
Una notte EPICA 🎆🏆
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) June 1, 2024
This was EPIC 🔥🖤💙#GoAtalantaGo pic.twitter.com/aY377aEiQr
На петочната забава низ градот и претходеше уште еден настан кој исто така го прослави европскиот триумф. Станува збор за посетата на целиот тим на Градското собрание, каде градоначалникот Џорџо Гори ги награди Џанпјеро Гасперини и неговиот стручен штаб со граѓански орден за спортски заслуги. Така, клубот доби диплома и специјален златен медал поради глорификацијата на Бергамо во европски и светски размери.
Il Sindaco Giorgio Gori ed il Presidente del Consiglio Comunale Ferruccio Rota hanno consegnato all’Atalanta la civica benemerenza per la conquista della UEFA Europa League, dando lustro al nome di Bergamo in Europa e nel mondo.
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) May 31, 2024
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski