
Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, поради повреда заработена на последниот натпревар за својот клуб Трабзонспор, не е во можност да се стави на располагање на македонската А репрезентација за натпреварите против Хрватска и Чешка, објави Фудбалската федерација на Македонија.
Истегнување на лигаментите на зглобот на десното рамо е повредата здобиена на мечот од последното коло во турското првенство која го спречува нашиот репрезентативец да биде дел од подготовките и контролните натпревари кои ни следуваат.
Енис Барди веќе ја започна рехабилитацијата, но за жал не е во можност да биде дел од тимот на Македонија за натпреварите на 3. јуни во Ријека против Хрватска и на 10. јуни против Чешка во Храдец Кралове.
Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски барем до овој момент нема да повикува дополнителен фудбалер како замена за Енис Барди.
Денеска македонската репрезентација ќе одработи два тренинзи, утринскиот од 10:00 часот и попладне од 18:00 часот на тренинг центарот „Петар Mилошевски“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња останува во Барселона до 2028 година

Интернационалци
Дени Ииев уште две години во Романија

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)
