Connect with us

Агон Елези и Бохум на чудесен начин обезбедија опстанок во Бундес-лигата (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Агон Елези со Бохум и следната сезона ќе биде дел од Бундес-лигата, откако на чудесен начин успеаја да обезбедат опстанок. Бохум имаше негатива од 0-3 од првиот меч против Фортуна Диселдорф одигран дома, но возрати со иста мера на реваншот, а потоа и славеше по драматично изведување пенали (5-6).

Агон Елези остана на клупата за резерви, но неговите соиграчи одиграа фантастичен меч.

Филип Хофман во 18.минута постигна гол за Бохум и ја врати малку надежта, а во вториот дел уште еднаш погоди во 66.минута. Само четири минути подоцна Кевин Штогер реализираше пенал, па Бохум комплетно ја анулира негативата од првиот меч.

Драмата продолжи со изведување пенали, а на крајот фудбалерите на Бохум успеаја да слават.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови