
Францускиот интернационалец Оливие Жиру зборува се збогува со Милан. Ова лето напаѓачот ќе му се приклучи на Лос Анџелес од МЛС – лигата на САД.
„Сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата, им благодарам на тренерите и на сите луѓе кои ме прифатија како брат во ова семејство. Исто така сакам да му се заблагодарам на тренерот за довербата и поддршката што ми ја даде во тешките моменти кога беше многу важно да останеме заедно. Првата година беше неверојатна, тоа беше една од најдобрите емоции во мојата кариера и сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи, без кои не можев да успеам. Ние сме тим, ние сме семејство, благодарам момци“, изјави Жиру, цитиран од италијанските медиуми.
„Пеењето на навивачите ќе остане засекогаш во моето срце. Како дете сонував за овој Милан, а сега веќе поминав пат на кој сум горд. Многу сум благодарен и нема да ги заборавам овие три сезони “, истакна Оливие Жиру.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
