Connect with us

Унаи Емери уште пет години на клупата на Астон Вила

Унаи Емери и во наредните пет години ќе ја предводи Астон Вила од клупата. Менаџерот на англискиот премиерлигаш ја продолжи соработката со клубот до 2029 година.


Емери дојде во Астон Вила кон крајот на 2022 година наследувајќи го Стивен Џерард и успеа да го препороди тимот и го одведе до Европа.

Оваа сезона направи уште еден чекор повеќе и Астон Вила ќе игра во Лигата на шампионите.

Раководството на клубот од Бирмингем ја препозна одличната работа на Унаи Емери и му понуди нов договор кој ќе трае до 2029 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови