Лука Модриќ (38) има само уште месец и половина од договорот со Реал, а клубот сѐ уште не му понудил продолжување. Во исто време, клубови од Америка и од Саудиска Арабија се обидуваат да го привлечат со раскошни понуди.
Шпанскиот медиум „АС“ открива дека Модриќ одлучил каде сака да ја продолжи кариерата. Имено, и покрај тоа што на почетокот на следната сезона ќе наполни 39 години, пензија не му паѓа на памет.
„Што се однесува до Модриќ и Реал, играчот одлучи. Тој 100 % сака да остане во Реал. Толку е посветен на клубот што прифаќа да биде резерва, а парите не се важни. Тој е многу среќен во клубот и во Мадрид“, истакна „АС“.
Хрватската легенда на Реал освои сѐ во Мадрид. Меѓудругото, пет европски, четири шпански титули и два Купа на кралот, како и индивидуалното признание „Златна топка“ .
Тој одигра 531 натпревар, постигна 39 и асистираше при 86 голови. Тој е обожуван од соиграчите и навивачите, а последниве години поради зрелата возраст го продолжуваше договорт само на една сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













