Connect with us

Звонимир Бобан се враќа на раководна позиција во Динамо Загреб

Динамо Загреб е на чекор до ангажирање на легендата на хрватскиот фудбал Звонимир Бобан.

Како што стојат работите, Динамо ја заврши потрагата по човек кој би можел да го придвижи клубот напред. Хрватските медиуми јавуваат дека на „Максимир“ пристигнува Звонимир Бобан.

Бобан треба да пристигне на новата работна позиција до крајот на наредната недела, а клубот во следните денови би требало официјално да го потврди ангажманот на хрватската фудбалска легенда.

„Ќе направиме сè за да го направиме најдоброто за клубот во случај на негово потенцијално доаѓање во клубот“, изјави претседателот Управата на клубот, Звонимир Маненица.

Маненица би бил тој што би му го отстапил своето место на Бобан, а самиот би се префрлил на раководење со финансиите.

Бобан има богато педигре и надвор од теренот. Беше генерален секретар на ФИФА задолжен за развој на играта и организација на натпреварувања, а потоа ја презеде функцијата извршен директор за фудбал во Милан.

Од април 2021 година, Бобан беше еден од челниците на УЕФА. Избран беше за директор за фудбал и е првата личност назначена на таа функција.

Сигурно е дека неговото доаѓање на „Максимир“ би донело многу за Динамо Загреб. Има огромно искуство во фудбалската индустрија и клубот би добил идеален човек за извлекување од моментално лошата состојба.

Динамо е на добар пат да ја изгуби титулата првак на Хрватска, а Бобан би имал огромна задача повторно да ги направи „модрите“ тим што ќе биде закана и на европско ниво.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови