Капитенот Енис Барди се огласи на социјалните мрежи, посочувајќи дека поразот од Велс (7-1) ја гори душата, но „тоа треба да нѐ запали, а не да нѐ изгасне“ во пресрет на следниот предизвик, полуфиналниот бараж против Данска во Копенхаген.
„Тежок пораз, оној што ти ја гори душата! Велс нè удри силно. Болка, разочарување… Но, ова не е крај! Сè уште сме во плеј-офот во март и сè уште сме живи. Овој пораз треба да нè запали, а не да нè изгасне. Да се вратиме погладни, поагресивни, поцврсти! Ние никогаш не се предаваме“, напиша капитенот Барди на социјалните мрежи.
Македонската фудбалска репрезентација за противник во полуфиналето од баражите за СП 2026 ја доби селекцијата на Данска.
Полуфиналето ќе го играме на гостински терен на 26 март, а доколку приредиме изненадување, во финалето на баражот (31 март) исто така ќе бидеме гости против победникот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













