Столе Димитриевски се врати во Валенсија по тешкиот пораз со македонската репрезентација во Kардиф, но неговото пристигнување не помина незабележано. Новинар од „Ел Чирингито“ го следеше од аеродромот до автомобилот, поради коментарите што ги даде во поткастот на Стефан Лазаров, создавајќи напната атмосфера уште пред да се врати во клубот.
Иако првично не сакаше да зборува пред медиумите, утрово Столе имаше искрен разговор со тренерот Карлос Корберан и сфати дека изјавите биле погрешни. Голманот лично му се извини на тренерот и на стручниот тим, а подоцна и на соиграчите во соблекувалната, покажувајќи зрелост и одговорност.
На прес-конференцијата пред дербито со Леванте, Корберан откри дека Димитриевски ќе добие и финансиска казна за прекршување на дисциплинските правила, но нагласи дека тоа нема да влијае врз спортските одлуки за настапите на голманот.
„Во изминативе две недели фокусот ни беше целосно на утрешниот натпревар. Столе се врати вчера, па денеска имавме разговор со него – прво индивидуално, а потоа и пред соиграчите во соблекувалната. Тој се извини за неточните изјави, бидејќи во Валенсија никој не игра поради клаузули во договорот.
Столе ја сфати својата грешка и им се извини на сите – на соиграчите и на стручниот тим. Казната ќе биде финансиска, но со тоа случајот е завршен“, изјави Корберан, додавајќи дека довербата во голманот останува и дека тој ќе продолжи да биде дел од составот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













