Килијан Мбапе одлетал за Дубаи, наместо за Мадрид, по заминувањето од францускиот национален тим. Французинот го пропушти последниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 против Азербејџан (3-1) поради мала повреда на десниот глужд. Се очекуваше да се врати во Мадрид за лекување, но изненадувачки беше забележан во Дубаи.
На социјалните мрежи се појавија етикети за багаж со неговото име, кои покажуваат летови од Париз до Дубаи минатата сабота. Напаѓачот поминал неколку дена во хотелот „Dubai Atlantis The Royal“ и го посетил падел-клубот „Padel One“.
Ова беше потврдено вчера, откако бил забележан на 10-годишнината од „Dubai Watch Week 2025“ во најголемиот трговски центар во ОАЕ.
Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Диало, побрза да го брани Мбапе.
„Сакам да ја изразам целосната поддршка за Килијан Мбапе, затоа што сега, и ова не е првпат, тој е изложен на немислива форма на нарушување на личниот живот. Тој е млад човек кој, поради огромната слава, веќе не може да се движи слободно, да се појавува јавно или да си ја извршува работата како сите останати. Видов како некои луѓе ги фотографираат етикетите на неговиот багаж… Можеби треба да му дадеме малку простор да се одмори во својот многу интензивен живот, со надеж дека ќе биде во топ форма кога ќе ни треба, а тоа е за Светското првенство“, изјави Диало.
Според „Л’Екип“, во Реал Мадрид повеќе се загрижени за психичката состојба на Мбапе поради продолженото судење против ПСЖ, отколку за повредата на глуждот или дискусиите во Франција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













