Во седиштето на ФИФА во Цирих, фудбалската репрезентација на Македонија денес од 13 часот ќе биде дел од ждрепката за плејофот за пласман на Светското првенство 2026, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико. На настанот ќе бидат извлечени паровите за европскиот бараж, но и за Интерконтиненталниот плејоф.
Преку европскиот бараж треба да се изберат последните четири европски репрезентации што ќе обезбедат билет за Мундијалот. Во баражот влегоа вкупно 16 селекции, а дополнителни две учеснички на СП ќе произлезат од Интерконтиненталниот плејоф, со што ќе се пополнат сите 48 места на турнирот.
Во полуфиналето од плејофот, Македонија ќе се соочи со една од четирите селекции од првиот шешир: Италија, Данска, Турција или Украина. Овој полуфинален дуел ќе го играме на гостински терен. Ако обезбедиме финале, таму ќе не чека победникот од дуел меѓу тимовите од вториот и третиот шешир, а можниот противник исто така ќе биде познат уште денес на ждрепката.
Македонската делегација во Цирих ќе ја сочинуваат претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, директорот на националните селекции Горан Пандев и селекторот Благоја Милевски.
Квалитативни шешири пред ждрепката:
Шешир 1: Данска, Италија, Турција, Украина
Шешир 2: Полска, Велс, Чешка, Словачка
Шешир 3: Ирска, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово
Шешир 4: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска
Покрај европскиот бараж, ќе бидат одредени и паровите за Интерконтиненталниот плејоф, во кој учествуваат шест репрезентации.
Во Интерконтиненталниот бараж, според ФИФА-ранг листата, ДР Конго и Ирак директно почнуваат од финале, додека преостанатите четири селекции — Јамајка, Суринам, Боливија и Нова Каледонија — ќе играат полуфиналиња. Јамајка и Суринам не можат да играат меѓусебе затоа што потекнуваат од истата конфедерација.
Сите натпревари од Интерконтиненталниот бараж ќе се одиграат во периодот од 23 до 31 март 2026 година во Мексико, на неутрален терен, кој ќе служи и како пробен тест за организаторите пред почетокот на Светското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња













