МАКФУДБАЛ во Кардиф,
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со убедливи 7-1 од Велс во последниот меч од квалификациите за СП 2026.
Селекторот Благоја Милевски е свесен дека ова е тежок пораз.
“Бевме далеку од нашето ниво. Во многу други сегменти потфрливме, не бевме ниту сенка на тимот кој претходно немаше пораз на 14 натпревари. Но, тоа се истите играчи кои ни дадоа толку радости и досега немаа пораз долг период. Што се однесува до мене, нема ниту најмала дилема дали имам емоција и желба да продолжам да работам и да ја водам Македонија. Тешко е, но во спортот има и вакви моменти и треба да се надминат”, изјави Милевски.
Јасно е дека бевме инфериорни во секој поглед.
“Немавме одговор за агресивната игра на Велс. Сакам да му честитам на противникот. Одговорноста е моја и секогаш ќе биде, начинот на кој загубивме боли повеќе. Не успеавме да одговориме на тркачки план и епилогот беше неминовен”, заврши селекторот на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













