Зинедин Зидан ќе се врати на фудбалот, преземајќи ја репрезентацијата на Франција по завршувањето на Светското првенство 2026, јавуваат француските медиуми.
Поранешниот репрезентативец на „петлите“ ќе го наследи Дидие Дешамп, кој ја води француската репрезентација од 2012 година.
Дешамп ја направи Франција светски шампион на Мундијалот во Русија во 2018 година, а потоа освои сребрен медал во Катар четири години подоцна. Во 2016 година Французите го загубија финалето на Европското првенство од Португалија, а пред четири години триумфираа во Лигата на нации.
Зидан е без ангажман од 2021 година. Последно го водеше Реал Мадрид, со кој трипати по ред стана европски клубски шампион и освои две титули во Ла Лига.
Дополнително, со „кралевите“ освои уште две Светски клупски првенства и по два трофеи во Суперкупот на Европа и Куп на Кралот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе













