Селекторот на Данска, Брајан Ример, генерално е задоволен од исходот на ждрепката за баражите за Светското првенство. Тој истакна дека е добро што Данска успеала да ја избегне Шведска, која ја сметаа за најнезгоден противник, а позитивно гледа и на тоа што не ги добија Албанија или Полска од другата страна на костурот.
Ример не даде посебен коментар за Македонија како ривал, но смета дека неговиот тим има реални шанси да се пласира во финалниот бараж. Единствено жали што, ако Данска го мине полуфиналето против Македонија, ќе мора да игра на гости во финалето од баражот.
„Бевме фокусирани да ја избегнеме Шведска и успеавме. Добро е и што не ни се паднаа Албанија и Полска, така што сметам дека ждрепката е поволна за нас. Нè очекува дуел со Македонија и веруваме дека можеме да се пласираме понатаму. Повеќето тука се надеваа дека ќе го играме вториот меч дома, ако стигнеме до него – и ние се надевавме – но тоа е ситуацијата и ја прифаќаме“, порача Ример.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













