Connect with us

Зошто ФФМ го суспендира ОФС Охрид…Со имиња на починати лица правеле фиктивни записници и лажирале одиграни натпревари!

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука ОФС ОХРИД поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија.

По темелна постапка и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластени службени лица од ОФС Охрид, донесена е едногласна одлучи да се суспендира Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС Охрид).

Причините за ваквата одлука секако фрапираат. Заведувани се имиња и на починати луѓе како учесници во фиктивни записници на натпревари.

„Увидот во КОМЕТ системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите;

Изготвување и употреба на фиктивни записници од натпревари (фалсификување на записници за натпревари кои не се одиграни, а се заведени како одиграни со конкретни резултати);

Судии имаат писмени изјави дека истите биле внесувани во записници без нивно знаење и согласност, односно воопшто не суделе на натпреварите, а некои од нив не се ниту судии, а се заведени на тие натпревари како да суделе;

Комлетната „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид не постои, односно е измислена;

Со ваквите дејствија е нарушен интегритетот на натпреварувањето и довербата во работењето на сојузот. ФФМ ќе поднесе дисциплинска пријава против претседателот и секретарот на ОФС Охрид до соодветната дисциплинска комисија, со предлог за преземање дополнителни мерки, согласно Дисциплинскиот правилник и Статутот на ФФМ“, информираат од Фудбалската федерација на Македонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови