Интер оствари тешка, но драгоцена победа над Верона со 1-2, благодарение на автогол на противникот во последните секунди од натпреварот. Со овој триумф „нероаѕурите“ го искористија киксот на Наполи и се доближија до врвот на табелата.
Тимот на Кристијан Киву започна одлично. Во 16. минута, Пјотр Зиелински со вистинско ремек-дело од удар од волеј од околу 17 метри ја погоди мрежата на домаќините и донесе водство за Интер.
Верона, сепак, не се предаде. Во самиот финиш на првото полувреме, Џоване со одлична индивидуална акција ја изигра одбраната на Интер и со прецизен удар го совлада Јан Зомер, враќајќи ја неизвесноста во мечот.
Martin Frese 90' +4 (OG). Inter gets lead at stoppage times
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 2, 2025
Serie A | 🇮🇹 Hellas Verona 1-2 Interpic.twitter.com/cFmSj5Yfjf
Кога сите очекуваа реми, Интер повторно ја покажа својата ментална сила. Во последните моменти од натпреварот, по нафрлена топка во шеснаесетникот, Фрезе ја зафати топката и го изненади голманот Монтипо за драматична победа на тимот од Милано.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дембеле: Ќе бидам подготвен за финалето на ЛШ













