Манчестер Сити во дербито од десеттото коло на Премиер – лигата на свој терен го совлада досега второпласираниот Борнмут со 3-1 и го презеде неговото место на табелата.
„Граѓаните“ одиграа одличен натпревар — организирано, ефикасно и токму на начинот на кој тоа го бара Пеп Гвардиола, остварувајќи целосно заслужена победа.
Веќе во 17. минута Сити поведе по брза контра. Ерлинг Халанд се избори за топката по додавање од Черки, истрча кон голот на Петровиќ и прецизно погоди за 1-0.
Борнмут израмни благодарение на грешка на Донарума. По изведен корнер од левата страна, италијанскиот голман несигурно интервенираше, а Адамс беше најбрз и ја смести топката во мрежата за 1-1.
Сепак, во 33. минута Халанд повторно ја презеде главната улога. Избега од офсајд-замката, го мина Петровиќ и погоди за ново водство на Сити, 2-1.
Конечниот резултат го постави О’Рајли во 60. минута, кога искористи пропуст во одбраната на Борнмут и со прецизен удар во долниот десен агол ги постави конечните 3-1 за убедлив триумф на „граѓаните“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













