Челси оствари важна победа во лондонското дерби против Тотенхем (0-1) во натпревар од десеттото коло на Премиер – лигата. „Сините“ беа подобриот тим во текот на целиот меч, а иако резултатот не ја отсликува целосната слика, нивната доминација на „Тотенхем Стадион“ беше очигледна.
„Петлите“ од самиот почеток беа во подредена позиција, но без вистински шанси во првите триесетина минути. Жоао Педро прво се закани безуспешно, а потоа во 34. минута го отвори резултатот, погодувајќи за 0-1 по одлична асистенција од Каиседо. До крајот на првото полувреме Челси можеше и да ја зголеми предноста, повторно преку Педро, но Викарио одлично интервенираше и го спаси својот тим.
Единствената сериозна шанса за Тотенхем ја имаше Мохамед Кудус, но неговиот удар беше лесна задача за голманот Роберт Санчез.
Во второто полувреме Тотенхем не успеа да се врати во игра — делуваше без енергија и како да го прифати поразот уште пред крајот. Наместо притисок, повеќе шанси имаа гостите, преку Нето, Џејмс и Гитенс, но резултатот остана непроменет.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Едерсон го „зацрни“ Фенербахче (ВИДЕО)













