Шкендија Арачиново останува лидер во Втората македонска фудбалска лига по нови три освоени бода во рамките на деветтото коло.
Екипата од Арачиново тешко дојде до победа на тензичното гостување кај Победа во Прилеп, каде што славеше со минимални 0-1. Избраниците на Љупчо Марковски – Калц до триумфот стигнаа со убав погодок на Фикрет Ливарека постигнат во првото полувреме. Тимот сега го очекува исходот од дуелот меѓу Брегалница и Детонит Плачковица, кој ќе се одигра под рефлектори.
Успешен викенд имаа и останатите тимови од горниот дел на табелата. ГФК Охрид славеше на гостувањето кај Преспа во Ресен со 0-2 со двата гоалла на Антонио Каланоски, додека Скопје ги освои трите бода во Македонска Каменица, совладувајќи ја Саса со 1-2.
Беласица ја прекина својата негативна серија со убедлива победа на гостувањето кај Кожуф во Гевгелија (0-2).
Тетекс, пак, на домашен терен, токму на роденденот на навивачката група „Војводи“, го совлада ГФК Осогово со 3-0. Азис Јамини беше двоен стрелец, а погоди и Славчо Мисајловски.
Најубедлив триумф овој викенд запиша Новаци, кој го декласира последнопласираниот тим Големо Коњари со дури 7-0.
Единствениот натпревар без победник беше дуелот меѓу Вардар Неготино и Слога Виница, кој заврши со резултат 2-2.
Дербито меѓу Брегалница и Детонит ќе се одигра со почеток во 17 часот на Градскиот стадион во Штип.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













