Не е тајна дека Барселона има намера да донесе нов напаѓач следното лето, а навивачите на каталонскиот клуб беа воодушевени кога слушнаа кого сака Жоан Лапорта во дресот на својот клуб.
Роберт Левандовски веќе неколку сезони е првиот напаѓач на Барселона, но јасно е дека Полјакот е во завршната фаза од кариерата, поради што Каталонците размислуваат за ново засилување во нападот.
Полјакот има договор со Барселона до крајот на оваа сезона, кој најверојатно нема да биде продолжен. Клубот има опција да го задржи Левандовски уште една година, но се чини дека тоа нема да се случи.
Целта на Барселона е да донесе нов напаѓач кој ќе продолжи таму каде што Лева застана минатата сезона. Јасниот пад во формата на Полјакот е очигледен, а во Барселона не сакаат тој да биде прва опција во нападот во новата сезона.
Се шпекулира со повеќе имиња поврзани со каталонскиот тим, а најчесто се споменува Хулијан Алварез. Аргентинецот игра одлично во Атлетико Мадрид, но за неговото доаѓање на Барселона ѝ се потребни над 100 милиони евра.
Се знае дека финансиската состојба на Барселона е проблем веќе неколку години, и клубот сè уште не е во позиција да потроши толку голема сума само за едно засилување.
Сепак, Лапорта пронашол идеално решение за нападот, а името кое се споменува ги воодушевило и навивачите на Барселона.
Се работи за Хари Кејн, кој маестрално игра за Баерн Минхен. Сепак, веќе се шпекулира за негово заминување од Минхен, бидејќи наводно Кејн сака нов предизвик во кариерата, а поканата од Барселона тешко дека ќе ја одбие, токму како што тоа го направи Левандовски пред неколку години.
Главниот причина Кејн да биде прв избор на Барселона, покрај тоа што е еден од најдобрите напаѓачи во светот, е фактот што следното лето ќе има клаузула за откуп од 65 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













