Connect with us

Жозе Мурињо го сака Столе Димитриевски на голот на Фенербахче

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски би можел да ја напушти Валенсија поради недостаток на вистинска шанса за настап.

Според информациите на новинарот Матео Морето, за 30-годишниот чувар на мрежата сериозен интерес покажува турскиот гигант Фенербахче, каде Жозе Мурињо го гледа како потенцијална замена за Доминик Ливаковиќ.

Освен гигантот од Истанбул, за Димитриевски се интересираат и францускиот прволигаш Лил и италијанскиот калчолигаш Џенова. Голманот, кој е незадоволен од својата улога во Валенсија, наводно нема ништо против трансфер, бидејќи приоритет му е редовната минутажа.

Димитриевски пристигна на „Месталја“ од Рајо Ваљекано, но досега не успеа да се наметне и да ја добие довербата на стручниот штаб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови