Connect with us

Жоргињо: Артета одамна ме покани во тимот, среќен сум што дојдов во Арсенал

Арсенал го купи играчот од средниот ред на Челси, Жоргињо за 12 милиони фунти. 31-годишниот фудбалер е задоволен од своето доаѓање на „Емирати“ и откри дека за него интерес имало и претходно од „топчиите“.


„Знам дека Микел Артета неколку пати сакаше да потпише со мене, но од различни причини тоа сепак не се случи. Проблемот не беше недостатокот на желба од моја страна. Артета има голема улога во мојот трансфер во Арсенал“, изјави Жоргињо.

„Многу сум возбуден поради новиот предизвик и едвај чекам да излезам на теренот. Сè се случи исклучително брзо. Бев изненаден, но ја искористив можноста што ми се укажа. Арсенал е неверојатен клуб и среќен сум што сум тука“, додаде италијанскиот репрезентативец.

Микел Артета доби големо засилување што треба да му помогне на Арсенал во трката за титулата во Премиер – лигата.

„Жоргињо е играч од средниот ред кој има интелигенција, лидерски квалитети и големо искуство и во Премиер – лигата и во европските натпреварувања. Има освоено многу трофеи, но сѐ уште е гладен за успех и ќе ни помогне. Драго ми е што сега е дел од нашиот клуб“, изјави Микел Артета.

Новото засилување на Арсенал ќе го носи дресот со број „20“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови