Connect with us

Жорге Мендеш сака да го „смести“ Роналдо: Италија е „ветената земја“, а Наполи или Милан главните цели

Желбата на Кристијано Роналдо да си замине од Манчестер Јунајтед изгледа сѐ поневеројатно да се оствари, барем што се однесува до преселба во клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите. Сепак, сеприсутниот фудбалски агент Жорге Мендеш сериозно ги засука ракавите и има идеја како да најде излез од ситуацијата.


Според „Скај Спорт Италија“, Жорге Мендеш повторно ги понудил услугите на Роналдо на Наполи и на Милан. „Наполитанците“ донесоа многу напаѓачи со потписите на Џакомо Распадори, Џовани Симеоне и Хвича Кварачкелија, но не е исклучено да бидат во искушение од можноста да го доведат 37-годишниот Португалец.


Евентуалното доаѓање на Роналдо би значело дека Наполи ќе мора да го продаде својот главен стрелец Виктор Осимен. Планот на Мендеш е да им помогне на „партенопеите“ да дојдат до највисоката можна цена за нигерискиот стрелец. Една од опциите е Осимен да го замени самиот Роналдо на „Олд Трафорд“.


Стратегијата е иста и во контактите со Милан. Тој има договор со Рафаел Леао и ќе им вети на „росонерите“ огромна заработка доколку ја продадат својата ѕвезда и на негово место го земат Кристијано Роналдо. Сепак, тешко дека Милан ќе покаже интерес.


Останатите опции пред Роналдо се Челзи, Глазгов Ренџерс, Олимпик Марсеј и Спортинг Лисабон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови