Eкипата на Каменица Саса успеа да го подигне трофејот од Купот на Македонија по одличната игра и убедливо издвојуваната победа против Ас Јунајтед.
Женското финале од Купот на Македонија се одигра денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, Каменица Саса забележа убедлива победа со 4-0.
Антонина Шопска го отвори резултатот на денешната средба во 7. минута. На 2-0 зголеми Ленче Андреевска во 23. минута од средбата. Таа погоди на почетокот на второто полувреме за предност на Каменица Саса од 3-0. Конечните 4-0 ги постави интернационалката Чик Пејтон Тејлор во 71. минута од мечот.
КАМЕНИЦА САСА – АС ЈУНАЈТЕД 4-0 (2-0)
Каменица Саса: Јелена Гвоздерац, Ана Димитровска, Драгана Костова, Тејлор Пејтон Чик, Павлинка Николовска, Икеда Ангелика Кеона, Елена Панеска, Мила Талевска, Христина Јошевска, Ленче Андреевска, Антонина Шопска;
Ас Јунајтед: Суарта Речи, Александра Поповска, Улза Максути, Ера Стеблева, Веса Села, Арлинда Адили, Оливера Цоклеска, Кристина Мојсоска, Александра Симоноска, Едина Сулејмани, Еда Далипи;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal