По двете победи во низа, првата во првенството против Тиквеш и потоа во Купот над Башкими во Куманово, се вратија насмеаните лица во таборот на Силекс. Кратовскиот тим во десеттото коло во ПМФЛ го пречекува на тимот на Пелистер во обид да ја продолжи победничката серија и да дојде до седмиот триумф во сезоната.
Кратовци ги пречекуваат гостите од Битола во одлична атмосфера со надеж дека ќе ја продолжат триумфалната низа.
„После двете победи во првенството, и пред се во Купот, полека се вративме во победнички ритам. Тоа придонесе да се подобри атмосферата, после трите последователни порази. Сето тоа го оставаме зад нас и се фокусираме кон следниот предизвик, а тоа е дуелот против Пелистер на домашен терен. Сите сме подготвени да дадеме максимум. Силекс на секој натпревар оди на победа, така ќе биде и на мечот со Пелистер. Ќе дадеме се од себе да стигнеме до три бода“, вели Дарко Додев, играчот од средниот ред на Силекс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













