Connect with us

Жерар Пике го напушта „Камп Ноу“, Барса веќе го договори неговиот наследник

Жерар Пике со години беше командант на одбраната на Барселона, освои се што треба да се освои со клубот, помина низ младинската академија на Барса, но и време е да си замине.


Одличниот дефанзивец има 35 години и повеќе не е прва опција во тимот предводен од Чави. Предност имаат Кристенсен и Араухо, додека Пике од стартот на сезоната се пресели на клупата.
Неговиот договор со Барселона истекува во 2024 година, но клубот реши да се раздели со него следната година. Според шпанските медиуми, позната е и неговата замена, а тоа е стоперот на Атлетик Билбао, Ињиго Мартинез.


Мартинез е во последната година од договорот со Билбао и од 1 јануари ќе може слободно да преговара со Барса. Во Билбао е од 2018 година, а со години важи за еден од најдобрите стопери во шпанското првенство.


А кога станува збор за Пике, негова следна станица може да биде МЛС-лигата на САД.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови