На денешното извлекување во седиштето на УЕФА, беа извлечени групите за квалификациите за пласман на Европско првенство за жени до 17 и до 19 години. Македонските репрезентации за жени до 17 и до 19 години ги добија противниците за следната натпреварувачка 2024 2025 сезона во рамките на квалификациите. Европското првенство за жени до 19 години ќе се одржи во Полска 2025 година, додека домаќин на завршниот турнир за жени до 17 години ќе бидат Фарски Острови.
Женската репрезентација до 19 години се наоѓа во А лигата, во група 2 заедно со Франција, Словачка и Португалија.
Репрезентацијата за жени до 17 години е во групата 3 од Б лигата каде противници ќе и бидат Унгарија, Литванија и Андора. Мини турнирот ќе се одигра од 1 до 9 ноември. Домаќин ќе биде Унгарија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













