
Македонската женска А репрезентација на извлекување во УЕФА за противници ги доби селекциите на Летонија и Косово во рамките на групата 6 од сегментот Ц.
Веднаш по самото извлекување, селекторот на Македонија, Александар Андов, даде своја оценка за нашите следни противници, селекциите на Летонија и Косово.
„Морам да признаам дека добивме група по мерка. Се работи за противници кои ни се добро познати и со кои бевме во група во изминатите два циклуса.Мислам дека сега е вистинското време да го направиме тој чекор напред и да успееме да го освоиме толку посакуваното прво место во групата. Верувам дека можеме, умееме и имаме квалитет за такво нешто. Во следниот период се надевам дека ќе ги завршиме и преговорите околу пријателските натпревари што треба да ги одиграме и кои ќе претставуваат одлучна подготовка за предизвиците што ќе не очекуваат во новиот циклус од Лигата на нации“, изјави Андов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
