Connect with us

Желбата на Милан може да заврши на клупата на Вест Хем

Шефовите на Вест Хем упатиле официјална понуда до Хулен Лопетеги да го преземе тимот од следната сезона, пренесува „Газета дело спорт“. Шпанецот важи за еден од фаворитите за нов тренер на Милан, па дури и одржа состанок со сопственикот на „росонерите“, Џери Кардинале.


Клубот од „Сан Сиро“ допрва треба да донесе конечна одлука за иднината и ова може да игра главна улога во одлуката на Лопетеги бидејќи тој би можел да одлучи да ја прифати понудата на „чеканите“ наместо да ја чека неизвесната ситуација во Милан.

Според „Газета дело спорт“, италијанскиот гигант е подготвен да му понуди двегодишен договор, плус опција за трета сезона, и плата од 4 милиони евра по сезона. Лопетеги го одреди мај како краен термин за конечна одлука за неговата иднина бидејќи сака да има доволно време да се подготви за претстојното лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови