Шкендија, денеска од 17 часот на Градскиот стадион во Тетово (во живо на МТВ) со дуелот против Шкупи ја отвора новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Тетовци во паузата од двата меча против Карабах во квалификациите за ЛШ, најавуваат дека ќе атакуваат на триумф на стартот на новиот шампионат на Македонија.
Играчот од средниот ред, Арбин Зејнулаи, кој ова лето се врати во Шкендија, со нетрпение го очекува почетокот на првенството.
„По три години повторно ќе играм на овој стадион во Тетово и нормално е што сум возбуден. Се надевам дека ќе стартуваме со победа. Максимално сме фокусирани бидејќи добриот почеток е секогаш клучен. Целта е јасна – да ја одбраниме титулата. Размислуваме само за три бода. Замор има, но Шкендија има доволен фонд на фудбалери и треба сите да добијат минутажа и да покажат што знаат. Убеден сум дека и против Шкупи ќе го дадеме најдоброто“, вели Зејнулаи.
Тренерот Јетон Беќири за денешниот меч нема да може да смета на Фабрис Тамба, кој е суспендиран поради црвениот картон добиен на последниот натпревар од минатата сезона против Силекс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













